Еве како ќе изгледа новото и урбано повеќенаменско детско игралиште во Ново Лисиче

Ново Лисиче добива повеќенаменско детско игралиште, ново игралиште за баскет и уредување со нова урбана опрема.

Инвестицијата во вредност од 1,800,000 денари е во соработка со општествено одговорна компанија Фратели Дакордо ДОО.

Конкретната локација на овој парк е на булеварот Февруарски Поход во Ново Лисиче.

-Продолжуваат нашите тековни активности, активно работиме на заложбите од предизборието.Повеќе паркови и места за рекреација беше еден од нашите клучни приоритети, па затоа е и ова повеќенаменско детско игралиште. Продолжуваме да ги остваруваме нашите зацртани цели и заедно создаваме поубав, почист и посреден Аеродром, порача денеска првиот човек на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.