Во Ново Лисиче, кај последна 5-ка, ќе се гради мега парк и фудбалски стадион

Инспекциските служби денеска ја отстранија дивопоставената ограда која со години се наоѓаше во непосредна близина на автобуската станица на последна 5-ка во населбата Ново Лисиче, информираше градоначалникот на скопската општина Аеродром. 

-Активно работиме на реализација на уште едно предизборно ветување - мега парк во Општина Аеродром! Нашата општина ќе добие целосно нов лик - на местото на дивата депонија ќе има мега парк и фудбалски стадион, порача тој. 

Воедно, рече дека инспекциските служби на општината се постојано на терен.

-Воведена е втора смена, како и дежурни служби во саботите, а инспекторите и комуналните редари ја следат ситуацијата во секој дел од територијата под наша надлежност, вели Муцунски. 

Од општината апелираа на совесно однесување како до физичките, така и до правните лица, а секое прекршување на прописите и законите веднаш ќе биде санкционирано.