Неколку тепачки и физички напади регистираше полицијата деновиве на подрачјето на Скопје

Низа физички пресметки, најчесто поради недоразбирање во сообраќајот, но и физички напади се случиле деновиве во Скопје/ 

Вчера во 01.20 часот по полноќ во СВР Скопје, К.Р.(46) од Скопје пријавил дека на 03.04.2024 околу 21.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија на социјална мрежа, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.

- На 02.04.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кадино, општина Илинден, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Х.(47) и Б.К.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- На 03.04.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје, В.Г.(54) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- На 03.04.2024 во 20.06 часот во СВР Скопје, П.Д.(32) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- На 03.04.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање за паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Б.(37) од една страна и Б.К.(50), Б.К.(18) и Д.С.(19) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, инфомрираат од полицијата.