Малолетник тешко повреден во Катланово, паднал со велосипед

Тешко повреден малолетник при пад од велосипед. 

- На 03.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Катланово, скопско, малолетник додека управувал велосипед изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.