Насилно влегол во домот на скопјанка со намера да краде, но побегнал кога го видел соседот

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М. Ш. (50) од Скопје.

Спопред полицијата, тој се сомничи за сторено кривично дело разбојништво во обид.

Пријавениот со употреба на сила се обидел да влезе во домот на Х. Х., но го напуштил местото кога во објектот пристигнал нејзин сосед.