Го фатиле жив како краде во автобус

На 16.01.2024 во 16.30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, бил уапсен А.Б.(55) од Скопје, од страна на полициски службеници при ЕВР Центар и Бит Пазар. Имено А.Б. бил фатен како врши кражба на мобилен телефон од малолетничка додека истата се возела во автобус.

Веднаш одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, додека лицето било  приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава стои во соопштението на МВР.