Најпрво ја истепал, а потоа и го одзел накитот на поранешната партнерка

Полицијата денес го уапси Ф.Б. од Скопје откако најпрво ја истепал па и го одземал накитот на неговата поранешна партнерка со која бил во врска. Одземените работи биле пронајдени и ќе и бидат вратени на сопственичката

„Денеска во 09.20 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(31) од Скопје. Тој се сомничи дека на 16.04.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал неговата поранешна 37 – годишна партнерка и ѝ го одзел накитот.

Одземеното било пронајдено, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“.