Уапсен 48-годишен скопјанец откако ја претепал вонбрачната партнерка

Вчера во 09.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(48) од Скопје.

Тој на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 39 – годишна вонбрачна партнерка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија надлежните.