Ја тепал поранешната партнерка со тврд предмет

Денеска во 00.40 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсиле В.Л.(26) од Скопје.

Имено уапсениот неколку часа претходно физички ја нападнал неговата 25 - годишна поранешна партнерка, при што употребил и тврд предмет. Од МВР известуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.