МВР со детали за сообраќајката кај Рампа - повредени се две лица

Две лица се повредени при вчерашниот судир на две возила кај Рампа во Кисела Вода. 

На 18.01.2023 во 22.00 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Македонија“, на место викано „Рампа“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Д.Д.(41) од Скопје и патничко возило „хјундаи“, управувано од З.М.(48) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил Д.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.