Му се посреќи на кучето Шелдон: Од Лајка го вдомија во Велика Британија

Кучето по име Шелдон кое беше дел од прифатилиштето на ЈП Лајка веќе ужива во Велика Британија. 

Имено, на ова куче му се посреќи па беше вдомено од семејство кое живее во Велика Британија каде замина и тој. 

- Им благодариме на вдомувачите за прекрасниот живот во кој денес ужива Шелдон, порачаа од Лајка, здружението кое се грижи за благосостојба на животните. 

Оттаму споделија и фотографии од новите животни моменти на кучето Шелдон. Очигледно, јаде сладолед, ужива на плажа, спие во домашни услови...