Куче три дена лежи до автомобилот на својата почината сопственичка во Кавадарци

Здружението „Шепи 2021“ од Кавадарци објави дека куче три дена лежи до автомобил на неговата сопственичка која починала.

- Дека кучето е најлојален и најверен пријател на човекот сведочат многу примери. Ова е кавадаречкиот Симба, кој веќе трети ден лежи покрај автомобилот на неговата спасителка Билјана Галабова, очекувајќи ја да дојде… Срце да ти се скрши, велат од Здружението.

Фотографијата е направена од активистката за заштита на животните, Билјана Миркова.