Видео: Маж со оружје пука во животни, а друг влече куче врзано на автомобил

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ објави вознемирувачки видеа од мажи од Штип и Виница, кои малтретираат животни, а тоа предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Штипјанец среде бел ден се шетал со оружје и пукал кон животни, при што повредил мачка на негови соседи, а другиот врзал куче за автомобил и го влечел по улица.