Кривична пријава за обид за убиство, прво го пукал со пиштол па потоа со автоматска пушка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 09.05.2023, по претходна расправија, пријавениот со пиштол пукал кон А.К.(22) и му нанел прострелна рана, по што со автоматска пушка испукал уште неколку куршуми кон А.К. и негов пријател, но не ги погодил.