Насилство на Кванташки: Скопјанец пријавил напад со пиштол по глава

Насилна пресметка се случила вчера попладне на Кванташки пазар во Скопје. 

Вчера околу 16.30 часот во СВР Скопје, С.Ј.(33) од Скопје пријавил дека пред влезот на Кванташки пазар, тој и неговиот пријател М.Р. биле физички нападнати од неколку лица, од кои едно од нив со пиштол го удрило по главата. Според пријавеното, лицата го оштетиле и неговото патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, информираа денеска од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.