Која фирма ќе ја работи новата фасада на Палома бјанка? (фото)

Само една фирма се пријавила да ја изработи новата стилска фасада за ТЦ "Палома бјанка". Отварањето на понудите, Град Скопје го направи во петокот, но сè уште не го соопштуваат името на фирмата.

"Конкурсот е во тек, пристигната е една понуда и во тек е евалуација на пристигнатото решение дали ги исполнува конкурсните услови. По завршувањето на евалуацијата, конкурсната комисија ќе се произнесе со соодветно решение, кое ќе биде навремено презентирано на заинтересираната јавност", велат од Град Скопје.

Авторот на зградата е архитектот Трајко Димитров.Идејното решение по кое ќе се прави основниот проект е веќе готово. Градот за изработка на основниот проект за нова фасада на "Палома бјанка" предвиде 7 000 евра.