Градот Скопје на неодамнешните локални избори го доби својот нов градоначалник, овој пат жена - Данела Арсовска.
Се очекува Арсовска деновиве официјално да ја превземе градоначалничката функција, а кои ќе бидат нејзините надлежности прочитајте во продолжение.
Градоначалникот го претставува и застапува Градот Скопје. За својата работа градоначалникот одговара пред граѓаните на град Скопје. Надлежности на градоначалникот:
Градоначалникот соработува со градоначалниците на општините од подрачјето на Градот Скопје, заради изградување на заеднички ставови, определување заеднички приоритети и преземање заеднички акции по определени прашања и проблеми од интерес за Градот како целина.