Костадиновска-Стојчевска: Поради запрената реконструкција на Универзална, Арсовска плати казна од 20 милиони денари, пари на граѓаните

Кога имате работа со неразбран човек, со човек кој одговара на јавни повици кој одговара на мејлови селективно тогаш јавноста останува да ја знае вистината вели министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во вчерашната емисија „Претрес“. Таа притоа додава дека две години Универзална сала е затворена затоа што градоначалничката Арсовска на два пати ја има запрено реконструкцијата и притоа платена е казна од 20 милиони денари кон изведувачот.

„Од парите што Владата директно му ги префрли на Град Скопје за реконструкција на Универзална сала градоначалничката не ја продолжила реконструкцијата под некој интересен изговор зошто освен нејзиното тврдење ниту еден друг не излезе да ја потврди за таа на крајот да ја плати казната од 20 милиони денари од пари на граѓаните. И на крајот кога цел свет ја демантира таа продолжува со некави документации и некои проекти. Таа сеуште има активни тужби за целата таа работа и јавноста ќе дознае кога тие што ги поднеле ќе се одлучат да ги кажат во јавноста. Тужбата од 20 милиони денари е платена кон изведувачот за оштета затоа што не ја продолжила реконструкцијата на Универзална сала“ кажа Костадиновска-Стојчевска