Иницијатива: Сарај да добие 50 метарски јарбол со знаме

Се уште непознати граѓани и здруженија иницираат изградба на  педесетметарски висок јарбол на кој ќе биде развиорено големо албанско знаме на влезот на општина Сарај.  Иницијатива за поставување 50-метарски јарбол со албанско знаме во општина Сарај и нова џамија во Матка ќе се најдат пред советниците на оваа скопска општина наскоро.

Ваквата информацијата за повеќе медиуми ја потврдил и  градоначалникот на Сарај Беким Мурати кој најави дека барањето за поставување јарбол со знаме ќе биде ставено на разгледување на Советот на општината.

Најавата дека во општина Сарај се планира поставување 50-јарбол со албанско знаме доаѓа само неколку дена откако во општина Бутел беа поставени темели за 50-метарски крст како и по поставувањето на двоглавниот орел во општина Чаир.