Ова се неработни денови до крајот на годинава

До крајот на годината уште 4 неработни денови. Според програмата за неработни денови на Министерството за труд и социјална политика 8 декември, вторник, по повод празникот Св. Климент Охридски ќе биде неработен за сите граѓани на Република Македонија. 

Неработен ќе биде и 25 декември, петок, но само за граѓаните од католичка вероисповед, кои тогаш ќе го прославуваат католичкиот Божик.

На 22 ноември (недела) ќе се слави Денот на Албанската азбука. Овој датум е впишан како неработен ден во програмата на МТСП, но со оглед на тоа дека е недела, нема да му се израдуваат многу граѓани од албанската задница во Македонија.
Но затоа, граѓаните од турската заедница во Македонија, ќе имаат супер продолжен викенд бидејќи на 21 декември, понеделник нема да мора да одат на работа бидејќи ќе го прославуваат Денот на наставата на турски јазик