Инцидент со оружје на свадба, смртно застрелано 19-годишно момче во Липково

Трагедија ја потресе Македонија кога гостин беше убиен од куршум на свадба. Инцидентот се случи завчера во Липково кога во  22 часот и 45 минути, на свадбена веселба, осомничениот извадил од појас пиштол марка SMIT I VESON и со умисла испукал еден куршум со кој го погодил сега починатиот Б.Х. државјанин на Република Германија.

Како што претходно информираа од полицијата, се работи за 19-гоишен тинејџер од Германија, со потекло од Србија, кој околу 22 часот и 45 минути додека седеле во дворот од куќата на 51-годишниот З.Ш.  кадесе одвивала прославата, 63-годишниот А.Ш. извадил пиштол кој го поседувал без дозвола, и испукал неколку куршуми од кои еден го погодил 19 годишниот Б.А. 

Повреденото момче со огноострелна рана во пределот на градниот кош и во критична состојба било пренесено во кумановската болница каде починало.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторени две кривични дела и тоа Убиство од член 123 став 1 и Неовластено  изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачи материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па до Основниот суд Куманово достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот беше прифатен од страна на судот, кој со Решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од триесет дена.​