Скопјанец пукал со воздушна пушка и ja погодил мачката на соседот

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 10.06 часот во СВР Скопје, Б.П.(47) од Скопје пријавил дека околу 09.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот сосед З.К.(64) од Скопје пукал со воздушна пушка и  погодил мачка, сопственост на пријавителот.

- Со пријавениот бил извршен службен разговор и од него била одземена воздушната пушка, дијаболи и потврда за пријавено оружје, сопственост на неговиот син, информираат од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.