Како изгледало Скопје во 60тите години на минатиот век? Овие фотографии се доказ дека Скопје може да биде вело град и има потенцијал да биде македонскиот Амстердам.
Фотографиите ги споделија од здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“ од каде и се ангажираат за подобри услови за овој вид на алтернативен сообраќај во главниот град.
Тие споделија анкетата и ги повикаа граѓаните да гласаат во изборот на највело општина во Скопје и околината.
-Да им бидеме поттик на надлежните да направат повеќе и подобро, велат оттаму.