Град Скопје велат дека не се надлежни за Скопско Кале каде е оштетен потпорен ѕид

Од Град Скопје се огласија по повод одржувањето на Скопско Кале, каде како што соопштија од општина Центар, е оштетен потпорен ѕид

-Во врска со половичната информација, а во врска со надлежностите за одржување на Скопското Кале, градот Скопје до овој момент нема добиено никаков допис од ниту една институција - следствено, до овој момент немаме добиено допис ниту од општина Центар. Што се однесува до надлежностите, за Скопското Кале единствено одговорност има Националната Установа Конзерваторски центар.  Надлежностите на градот завршуваат со коловозот и тротоарите на ул. Лазар Личеноски, велат од Ггад Скопје. 

-Бидејќи до овој момент до градот Скопје нема пристигнато никаков допис во врска со потпорниот ѕид на Скопското Кале на страната на ул.Лазар Личеноски, ги упатуваме од општина Центар да се приклучат на дописот на градот Скопје до Министерството за Култура и НУ „Конзерваторски Центар“, појаснуваат од Град Скопје.