Новогодишните куќарки тргнати од плоштад, Градот тврдеше дека не се новогодишни

По четири месеци тргнати се новогодишните куќарки од плоштадот во Скопје. Градот излезе со објаснување дека новогодишните куќарки не биле новогодишни и дека биле планирани за одржување на настани

„Kуќарките на плоштад не се новогодишни, тие имаат повеќе намени и активно се користат за промоција на настани и активности на училиштата во Град Скопје и останати институции, планирани во текот на целата година“ – соопштија од Град Скопје.

Куќарките веднаш по завршувањето на новогодишните празници престанаа да се користат и само го зафаќаа просторот на плоштадот се до вчера каде со камиони беа однесени, а просторот на градскиот плоштад конечно се ослободи.