Физички пресметки на повеќе локации во Скопје

Билтенот на МВР известува за повеќе физички пресметки кои се случиле на територијата на Скопје. 

- На 03.02.2024 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влезот за с.Глумово, скопско, С.А.(40) од с.Глумово бил физички нападнат од три лица: М.Ј.(45), Х.Ј.(48) и Н.Ј.(24), сите од с.Глумово.

- Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, избила тепачка помеѓу Т.Ж.(59) и А.А.(40), двајцата од Скопје и на тој начин го нарушиле јавниот ред и мир.

- Исто така вчера во  18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево во Скопје, имало меѓусебна тепачка помеѓу П.С.(20) од с.Пакошево, скопско и М.Д.(39) од Скопје поради недоразбирање во сообраќајот.

Во сите овие случаи од МВР велат дека по целосното документирање на настаните ќе следува соодветна пријава.