Тепачка во казино, жени се пресметувале...низа физички инциденти во Скопје

Низа физички инциденти на подрачјето на Скопје се случиле изминатите денови. Полицијата превзема мерки за расчистување на случаите. 

- Вчера во 02.40 часот во СВР Скопје, Р.Д.(33) од Скопје пријавила дека околу 00.30 часот во клуб за игри на среќа на подрачјето на Центар била физички нападната од женско лице. 

- На 10.09.2023 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.П.(42) и М.Н.(28), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- На 10.09.2023 во 17.15 часот во СВР Скопје, Ф.М.(23) пријавил дека на работното место во угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од С.Т., кој бил гостин во објектот. 

- На 10.09.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Центар, 39 - годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот партнер А.А.(44) од Скопје.

- На 10.09.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(45) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Р.Е.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- На 10.09.2023 во 07.45 часот во СВР Скопје, Г.С.(48) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Б.И.(46) од с.Крушопек, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- На 10.09.2023 во 00.20 часот во СВР Скопје, 40 - годишна жена пријавила дека на подрачјето на Аеродром била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Б.С.(39) од Скопје.