ЕВН: Нема веќе испади поради ниски температури во електро-дистрибутивниот систем

Од ЕВН Македонија за МИА информираат дека нема повеќе испади во електричната мрежа како последици на ниските температури кои се вообичаени за овој период од годината.

- “ ЕВН Македонија ги планира капацитетите на снабдување согласно потребите на потрошувачка на корисниците. Покрај сезонските прилагодувања на мрежата, Електродистрибуција секојдневно спроведува и инвестициски зафати за модернизирање и реконструкција на мрежата, односно одржување и надградување на истата, со цел на корисниците да им овозможи непречено и стабилно снабдување со електрична енергија во било кое годишно време“, велат од ЕВН.

Од таму дополнуваат дека при прекин на снабдувањето како последица од надворешно оштетување на мрежата екипите на ЕВН веднаш излегуваат на терен и со санираат проблемот.