Замисли влагаш во Тинекс и им викаш „Јас сум од Слупчане, сметкава максимум 3.000 ке ја куцаш, разбра? - Твитер за Слупчане

Жителите на Слупчане ги условуваат екипите на ЕВН, за да им дозволат да влезат во селото. Наместо слободен пристап до трафостаницата, вработените во компанијата, тврдат дека се соочуваат со вербални и физички напади. 

Жителите им поставиле низа услови, а реакциите на социјалните мрежи се бројни.

Жителите на Слупчане со неколку клучни барања - да им бидат отпишани долговите од милиони евра, да плаќаат максимално 3000 денари по домаќинство, без разлика колку струја ќе потрошат и верските објекти да не плаќаат воопшто.

- Дали вака би направиле Македнците и што тогаш би се случило? Се гледа кој е граѓанин од прв, а кој од втор ред! - гласи еден од многуте коментари во оваа насока.

Сатирата на твитерџиите и овој пат „директно во целта“! Ова се најдосетливите реакции на твитерџиите: 

- Да ги пуштиме да преговараат со Бугарија и ЕУ.

- Предлог...и џепарац да им се дава секој месец и Слупчане држава у држава, одма у устав да се ставе...Нема лабаво како до сега.