Реакции на Твитер: Слупчане е опколено од ЕВН, но дава силен отпор

Екипите на ЕВН неколку дена не можат да влезат во селото Слупчане за да ја реконструираат дистрибутивната мрежа.

Жителите го блокирале влезот во селото и им се заканиле на работниците, а тоа предизвика голем број реакции на Твитер.

- Стоп за насилството врз транс-форматорите во Слупчане;

- ЕВН чека датум за преговори за влез во Слупчане;

- Слупчане е опколено од ЕВН, но пружа силен отпор. Се смета дека внатре се наоѓаат 80% герилци кои се на диво приклучени и 20% отпораши кои не плаќаат струја;

- ЕВН да ги молиш не ти доаѓаат, ама еве они па молат да ги отстранат дефектите во Арачиново.