Елката ко државата, беда! Арсовска постави елка, скопјани негодуваат за нејзиниот изглед!

Скопјани добија новогодишна елка на централниот плоштад. Да, навистина е далеку од тоа каква сакаат и каква треба да биде, но сепак е новогодишна елка, а изгледа вака: 

Социјалните мрежи од вчера се вжештија по ова прашање, а скопјани видно револтирани ѝ порачаа на градоначалничката Арсоовска да си оди.

Ова се дел од коментарите на скопјани за предпразничното украсување:

- Ова не е нашето Скопје, му ја одзедоа душата срцето надежта. 

- Почекајте, не реагирајте. Ќе се докити елката! 

- Подобро да ја нема! Греота! 

- Елка за сиромашни! 

- Мизерија. Од дома некој ќе донесеше елка, подобро ќе бидеше! 

- И денеска нема ништо, Свети Никола голем празник да светеше Скопје. Бог да чува тогаш и за Нова година немора да красат, од пред први декември цела Европа е украсена ние како дебили.

- Језивата елка на плоштад е само една одлика на целото „владеење" на Данела Арсовска, кое искрено не знам како ќе го преживееме. Како да стои времето, порача новинарката Мери Јордановска. 

- Елката ко државата, беда, напиша новинарот Кристијан Ландов на својот фејсбук профил.