Конечно заврши украсувањето на елката на градскиот плоштад

Елката поставена на градскиот плоштад и која вчера беше мета на потсмев кај скопјани е конечно накитена. Како што пренесува Прес24 градските служби завршиле со украсувањето.

Она за што јавноста чека одговори е колку чини ова украсување. Од она што го соопштија од Градот пред неколку денови кажаа само дека украсувањето ќе чини 30.000 евра без да навлегуваат во детали.

За разлика од главниот град, останатите градови веќе го завршија украсувањето и транспарентно објавија колку чини украсувањето во нивните средини. Во меѓувреме почнаа да се објавуваат и новогодишните програми и кој ќе ги забавува граѓаните во другите градови низ Македонија.