Детали за пукањето во Маџари: Крвава престрелка со еден повреден, во болница пренесен и неговиот 13-годишен син

Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено пукање од огнено оружје на улица „Благоја Стефковски“. Д.З.(48) од Скопје, додека се движел од улица „Перо Наков“ со патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое сопатници биле неговиот брат Б.З.(50) и внукот С.З.(28), во близина на приклучувањето на улица „Благоја Стефковски“, од споредната улица со голема брзина друго патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(39), во кое возило имало уште едно лице, удрило во возилото кое го управувал Д.З..

Веднаш потоа, зад нив застанало патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(31) од село Сингелиќ, скопско, кој бил со уште едно лице.

А.И. и Б.И. почнале да пукаат со пиштол кон возилото во кое биле Д.З., С.З. и Б.З., а потоа ги искршиле стаклата од возилото кое го управувал Д.З.. Со повреди се здобил Б.З., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

По добивање на пријавата, полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот. Во изјава пред полициските службеници С.З. кажал дека и тој пукал кон А.И. и Б.И. и бил приведен. По преземени мерки и активности бил пронајден и приведен и А.И..

Во 13.35 часот пријавено е дека и 13-годишниот син на повредениот Б.З.,, кој бил во возилото, бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, бидејќи се пожалил на повреди на главата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.