Денес одбележуваме уште еден голем празник- Собор на Пресвета Богородица

Според Јулијанскиот календар на вториот ден Божиќ се одбележува уште еден голем празник- Собор на Пресвета Богородица. Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресвета¬та Богородица. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

Верувањата кај народот е дека на денешен ден се помируват и оние кои со години се скарани и дека не е добро да се избрка било кој од куќниот праг. Денеска, на празничната трпеза која се уште е поставена, сите се еднакви и во здравје и веселба го слават најрадосниот празник во христијанството.

Вториот ден на Божиќ, треба да се посвети на прошетки и посети на пријателите и кумовите. Обичајот за Божиќ е првиот ден од празникот да се помине со семејството додека вториот ден е време време кога се посетуваат, роднините, пријателите, кумовите.

По повод празникот Собор на Пресвета Богородица-втор ден Божиќ, утрински богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.