Велика Сабота-ден на тишина и молитва

Според католичкиот календар денес е Велика Сабота. Денес е ден на тишина и молитва.

Верниците ги посетуваат специјално уредените Божји гробови во црквите и капелите. Евхаристиското (мисовно) празнување не се празнува, а во сабота навечер со свечен обред се празнува Велигденското бдение (света или голема ноќ), почетокот на велигденското празнување. Црковното значење на целото празнување е прекрасно изразено во велигденската химна која го прославува Христовото откупно дело во тајната на воскресението.

Тоа е пофална химна на „Воскреснатиот Христос, Кој се врати од мртвите, кој свети на секој човек и живее и владее во вечни векови“.