Автомобил управуван од 26-годишен возач излетал од патот

Вчера, на регионалниот пат во селото Горна Црцорија, кривопаланечко, автомобил управуван од дваесет и шестгодишн возач излетал од патот.

Како што се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила на 12.07.2022, а во 18.00 часот било пријавено во Полициската станица Крива Паланка дека на регионалниот пат во с.Горна Црцорија, кривопаланечко, патничко возило „Опел Мерива“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Ц.А.(26) од Крива Паланка, излетало од патот. 

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово, а двајцата сопатници М.А.(30) и В.С.(34), двајцата од Крива Паланка, се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ во Крива Паланка. 

На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.