Автомобил удрил во локомотива на место викано „Превој“

Вчера се случила железничка несреќа помеѓу локомотива и патничко возило кај железнички премин во с.Романовце, на место викано „Превој“.

Како што се наведува во извештајот на Министерството за внатрешни работи (МВР), на 11.07.2022 околу 12.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на железнички премин во с.Романовце, на место викано „Превој“, се случила железничка несреќа помеѓу локомотива и патничко возило „Фолксваген Туран“ со германски национални ознаки, управувано од М.А.(44) од Куманово. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, а со повреди се здобил и сопатникот Р.А. од истото возило, констатирани во Општата болница во Куманово. 

На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.