Полицаец загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово-Гостивар

На патот Тетово-Гостивар вечерва околу 19 часот се случила тешка сообраќана несреќа, во која според првичните информации, загинал еден полицаец, а друг е тешко повреден и пренесен во болница.

Полициските службеници од Гостивар обезбедувале место каде претходно се случила сообраќајка меѓу две возила. Додека ја вршеле должноста, во нив удрил автомобил кој се движел по патот.

Од полицијата соопштија дека во Гостивар бил уапсен 31-годишник од кичевското село Грашница кој го управувал возилото.

Во меѓувреме, од очевидци се забележани неколку амбуланти возила со гостиварски таблички, со полициска придружба на влезот во Скопје.