Автобусите по нова рута – укината автобуската кај „Мавровка“

Автобуското стојалиште кај Трговскиот центар „Мавровка“ во правец од Бит Пазар кон Карпош е времено укинато, соопшти денеска Град Скопје.

Согласноста за укинување на стојалиштето е поради изградбата на надземниот пешачки премин – плато над булеварот „Гоце Делчев“.