Автобуската линија за Солун од денеска повторно во употреба

Македонија Сообраќај АД повторно од денеска се обраќа на релација Скопје – Солун – Скопје. Линијата ќе биде секој ден од Скопје само во 17.00 часот а од Солун наутро во 08.00 часот.

-Драго ни е што за брзо време се реши автобускиот превоз до Солун. Искрено три недели ни беше тешко да се организираме затоа што тајмингот со воз е премногу деликатен во 4 часот наутро. Како и да е, сега е едноставно и директно ќе може повторно да патуваме до Солун – вели редовен патник.

Три недели патниците можеа само да се возат со воз кој само преку викендите беше директен а од понеделник до петок со воз до Гевгелија и со автобус до Солун.