19-годишна девојка касната од улично куче, настрадаа уште две лица во Скопје

Во текот на вчерашниот ден до полицијата пристигнале три пријави за каснување од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

На 12.02.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Карпош, Ј.Р.(19) од Куманово пријавила дека на ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 12.02.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Г.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 12.02.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Шуто Оризари, С.С.(34) од Скопје пријавила дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ во Скопје била касната од куче скитник.