Две повозрасни лица вчера настрадале од улични кучиња во Скопје

Двајца повозрасни скопјани вчера биле каснати од улични кучиња во Скопје. 

- На 09.02.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Гази Баба, В.А.(73) од Скопје пријавила дека на ул. „Разлошка“ во Скопје била касната од куче скитник.

- На 09.02.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров И.Љ.(76) од Дебар пријавил дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.