Зарем требаше да имаме пандемија па да се освестиме дека на болниците им недостасува медицински персонал?
Кој е виновен за ваквата појава? Кој ќе ги лечи и негува македонските пациенти?
Во моментов не постои здравствена институција која нема дефицит на кадар, со средно, вишо и високо образование. Сериозна закана им претстои на здравствените установи, поради недостигот на здравствени работници.
Старите заминуваат во пензија, младите незадоволни и преморени, спас бараат во европските земји.
Со само една прошетка во болниците низ земјава можат да се забележат лошите услови во кои се наоѓаат јавните здравствени установи. Недостигот од медицински кадар – сестри и лекари е хроничен, нема основни материјали и апарати за работа. Пациентите, пак, кога ќе влезат во болница, единствено ги води мотото – кој преживее, ќе раскажува!