Д-р Нико Беќаровски реагира на обврската да се промнат ознаките на регистарските таблички.
-Новиот меѓународен код само за таблиците на нашите возила од февруари 2024 година треба да биде NMK, а за целокупната останата употреба ќе важи досегашниот ни омилен и прекрасен MK или МKD. Образложението беше да не се дразнат нашите јужни соседи, кога ќе го посетуваме нашето елинизирано Беломорие. (Егеј) OК, воопшто не ми се допаѓа решението, но мора да се почитува и секоја кола кога ќе ја напушти Македонија мора да ја има на својата таблица и сообраќајна дозвола ознаката NMK, вели тој и додава.
-80/% од македонските возила никогаш не ја напуштаат државава и нема никаква причина да си ги сменат таблиците бидeјќи NMK кодот е исклучиво за меѓународна употреба, вон нашата територија!
Зошто на пример би требало автобусите на ЈСП да имаат ознака NMK, или мојaта стара добра Дачија, која не оди подалеку од Охрид. Всушност и во самата Грција која ни го наметна кодот, или во братската нѝ Бугарија, има различни таблици со и без официјалниот код на овие држави, пишува докторот.
-Зошто самите себеси да се казнуваме и омаловажуваме, зошто барем на возилата за домашна употреба да не си го зачуваме омилениот ни код МК, праша д-р Беќаровски.
На крајот тој даде една интересна компарација.
-Ако за влез во некој елитен клуб можеби е неопходен специјален dress code, дома слободно можам да се шетам и по тренерки, дури и без нив. Или сепак главната цел е LOVE ME ТЕНДЕР!