Грчката полиција за време на викендот започна да собира автомобилски таблици од несовесно паркирани возила, пишува порталот Бизнис Вести.
“Се известуваат сите туристи во Пефкохори да не ги паркираат непрописно колите на магистралниот пат, бидејќи полицијата ги собира таблиците на сите коли што се непрописно паркирани. Ова важи за тие што се паркираат на тротоари, на пола тротоар, а попречува за минување на другите возила. Сите таблици што се земени од полицијата, можат да се земат. Во Пефкохори секогаш има проблем со паркинг место, така да тие што се таму сместени нека се консултираат со домаќините за каде да ги паркираат колите“, - стои во фејсбук статусот на македонски турист врз основа на кој порталот ја дава информацијата.
Ве советуваме, доколку планирате да одите на првиот крак, да внимавате каде го оставите вашиот автомобил за да не се соочите со дополнителни трошоци на вашиот одмор.