„Жртвите од Тетово изгореа по вторпат, а виновниците беа наградени“, обвини Сали

Поранешниот министер за здравство Беким Сали го кажа својот став за постапката која се одвиваше по пожарот во модуларната болница во Тетово, кога го раскина договорот со „Брако“.

По објавената сторија од редакцијата на ИРЛ, „Убиство во Тетово, каде што беа објавени информации за причините за пожарот, Сали кажа дека премиерот Димитар Ковачевски и актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити го наградиле Кочо Анѓушев.

- Жртвите изгореа по вторпат, а виновниците беа наградени. Истрагите и судиските постапки кои се развија ме убедија дека таа постапка може да биде сè, освен потрага по правда. На 20 февруари бев разрешен, а потоа мојот наследник во јули 2023 преку Владата иницираше исплата на долгот кон „Брако“. Еден од главните виновници во емисијата е награден, вели Сали.