„Жителите на Слупчане се чесни домаќини“, вели Бектеши

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека не е вклучен во преговорите помеѓу Слупчане и ЕВН.

- Заврши времето кога може некој од институции или од било кој политичка партија да интервенира на нешто кое треба да се почитува закон. Затоа ние не интервенираме, туку се залагаме за целосно да се почитуваат законите. Жителите на Слупчане се чесни луѓе, домаќини како секој граѓанин живеат во оваа држава и ги преземаат обврските, вели Бектеши.

Слупачне двапати остана без струја оти не даваа екипите на ЕВН да влезат и да ја модернизираат мрежата оти таму има големи загуби според компанијата. Наместо слободен пристап до трафостаницата, вработените во компанијата тврдеа дека се соочуваа со вербални и физички напади.