Бектеши: Непочитувањето на „гарантирана цена“ се случува во најголемите ланци супермаркети

Министерот за економија, Крешник Бектеши истакна дека повеќе од десетина маркети низ државата се затворени поради непочитување на мерките на Владата за „гарантирана цена“ на производите.

Затворени се трговски објекти од синџирите маркети во Скопје, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга.

-Тоа се случува во големите ланци супермаркети. Денешните надзори ги немам, но до вчера речиси повеќе од десетина маркети беа затворени и до 30-ти ноември ДПИ ќе постапи согласно одлуката на Владата и Законот за заштита на потрошувачите. Целта на државата не е да ги затвори бизнисите, но кога таа треба да биде регулатор меѓу бизнисите и потрошувачите, сите треба да ги почитуваме мерките, кажа министерот.