Бектеши: Од 1 јануари ќе нема да има зголемување на цената на струјата

 

И покрај новата методологија, и новата стапка за пристап до мрежа цената на струјата нема да се зголеми ова го кажа министерот за економија Крешнк Бектеши.

- “Дваесет и седум отсто не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и од страна на ЕВН дистрибуција и ЕВН Хоум, најверојатно нема да бидат прифатени. Цената за домаќинствата и малите потрошувачи нема да се зголеми од 1 јануари, во спротивно ќе имаат дополнителна можност со користење на евтината тарифа да им биде намалена”, рече Бектеши.

Според Бектеши најранливите категории граѓани кои што имаат просечна потрошувачка во првиот и вториот блог, ќе плаќаат помалку во делот на електричната енергија и во вкупната сметка за струјата, имајќи ја во предвид и цената на дистрибутивната мрежа.

- “Граѓаните кои имаат два-три стана, викендици или слично, тие ќе имаат фиксен надомест во текот на целата година, имајќи во предвид дека ако еднаш го користат тој простор, тие кога одат во тој стан или викендица тие имаат електрична енергија затоа ја плаќаат другите граѓани во моментот согласно постоечката методологија. За да бидам јасен, зголемување на цената во фактурите на граѓаните нема да има од први јануари согласно новата методологија”, рече Бектеши.

Тој посочи дека најголемата потрошувачка е во првите 2 блока и дека не треба да се субвенционираат граѓани кои имаат големи приходи и трошат струја како за една фабрика во нивните домаќинства. Затоа тие струјата ќе ја плаќаат согласно пазарот.

- “Евтината терифа ќе продолжи да се имплементира како мерка од страна на Регулаторната комисија за енергетика, а ставката ќе биде платена фиксно во текот на цела година, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа, тоа ќе биде намалено за првиот и вториот блок каде што влегуваат поголемиот дел”, појасни Бектеши.

Тие што се во четвртиот блок, дополни Бектеши , немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата па дури според него тој треба дополнително да биде зголемен се со цел намалување на потрошувачката на струја во целина.