Жителите на Слупчане не попуштаат: Закажан трет состанок со ЕВН

Претставници на ЕВН и на селото Слупчане денес повторно седнаа на маса во обид да изнајдат договор по дефектите со мрежата поради дивите приклучувања.

Од ЕВН оценија дека состанокот бил успешен и се финализирале техничките детали за реализација на проектот за реконструкција и модернизирање на мрежата. И денес беше закажан нов состанок за во понеделник.

- Во понеделник ќе се одржи последниот состанок, по кој следува спроведувањето на проектот, велат од ЕВН.

Средба во истиот состав се одржа и вчера, а  како што дознава „Макфакс“ жителите на Слупчане, сепак, не отстапуваат од своите барања.

Тие изминатиот период во повеќе наврати поради диви приклучувања предизвикаа дефекти во мрежата, по што ги условуваа со барања екипите на ЕВН за да им дозволат да влезат во селото, додека вработените во компанијата тврдеа дека постојано се соочуваат со вербални и физички напади.